Актуелно 05.09.2018 10:25

Росоклија: Мудри сме да препознаеме дека Меркел доаѓа за да ја дораспарчи Македонија

Росоклија: Мудри сме да препознаеме дека Меркел доаѓа за да ја дораспарчи Македонија

РАДОСТ ГОЛЕМА
ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР ВО МАКЕДОНИЈА

Потребен е навистина многу низок коефициент на интелигенција за да изведеме заклучок дека канцеларот на Германија кој прв пат во историјата доаѓа во Македонија, доаѓа со подароци.

Поединечно секој од нас има некој коефициент на интелигенција, но како народ сепак сме мудри за да знаеме дека нејзината посета е за дораспарчување на Македонија меѓу германските историски сојузници, за претворање на Македонија во територија на идентитетски обезличена словенска толпа, територија за складирање на токсичен отпад, територија за отворање рудници на смртта кои ќе допринесат за раселување на Македонците и промена на етничкиот состав, територија во која Германија ќе ги сместува бегалците кои таа ќе ги прогласи непожелни или непотребни во Германија.

За сето ова да го оствари, потребна ѝ е оваа власт, а на оваа власт потребен ѝ е успешно фалсификуван референдум.

Северна Македонија во НАТО е американска потреба за затворање на една балканска темна дупка која е надвор од системот на НАТО, а Северна Македонија територија за токсичен отпад и логор за непожелни луѓе е потреба на Германија и на ЕУ.

Тоа е светлата иднина која овие ни ја носат.

За жал, сеште е голем бројот Македонци кои не им веруваат на оние што ѝ даваат на Македонија, а им веруваат на оние што ја пљачкаат и се платени да ја уништат со ветувања дека давањето ќе почне откако ќе не снема.
#bojkotiram #бојкотирам

Најнови вести