Ние немаме добиено информација како Груевски ги испразнил сметките, затоа што случаите за него ги води и водеше СЈО. Така да ако некој добил информација тоа се тие, одговори Вилма Русковска која е претседател на Обвинителство за организиран криминал на прашањето на водителката на емисијата „Правда и неправда“.
Но минута по овој одговор таа се поправи и правдајќи се рече – Ова го реков во смисол дека тие ги добиле информациите пред нас. Ние ги имаме сега информациите кога и на кој начин колку пари подигал. Тоа го имаме.
Зошто два пати се демантираше сама себеси во една минута, одговарајќи несигурно дали зад сето ова се крие уште нешто? Можеби веќе е време да се излезе пред јавноста и да ја кажат целата вистина.