Актуелно 14.12.2018 11:10

САД vs Кина: Царината од 40 на 15%

САД vs Кина: Царината од 40 на 15%

Намалување на царинските давачки за увоз на американски автомобили во Кина би можеле да бидат корисни во трговскиот спор, рече американскиот секретар за финансии Вилбур Рос.

Wall Street Journal објави дека Пекинг планира да ги намали цените за увоз на американски автомобили, како и купување на поголеми количини на соја и други култури.

“Тоа ќе помогне многу”, беше коментарот на Рос, за овој потег од страна на Кина.

Тој додаде дека германскиот производител на автомобили БМВ, најголемиот извозник на автомобили од САД, ќе има најмногу бенефит од оваа одлука.

“Тие извезуваат околу 40 отсто од своите возила во Кина, така што ова е директна помош за нас и веројатно ќе биде од корист во разговорите што ги имаме со германските производители на автомобили”, вели Рос.

Американските медиуми објавија дека Кина планира да ги намали царините за увоз на американски автомобили од 40 на 15 проценти.

Царините се зголемија во август, во услови на ескалирана трговска војна помеѓу овие две земји.

Кинески вицепремиерот Лиу Хе го извести американскиот министер за финансии Стивен Менучин и трговскиот претставник Роберт Лајтцер за својата одлука во телефонски разговор во понеделникот, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на претставник запознат со преговорите меѓу САД и Кина.