Компании 08.01.2019 18:36

Самсунг со помал профит поради намалувањето на побарувачката во Кина

Самсунг со помал профит поради намалувањето на побарувачката во Кина

Самсунг електроникс очекува пад на профитот во четвртиот квартал од 2018 година за 29 отсто во однос на истиот период претходната година.

Причина за очекуваниот пад на профитот е намалувањето на побарувачката на андроид телефони и мемориски чипови, пред се во Кина, која бележи забавен економски раст.

Проценките на „Самсунг“ се дека оперативните приходи за тој квартал ќе бидат 10.800 милијарди вони (9,7 милијарди долари), што е за 29 отсто помалку отколку една година претходно. Тоа е значително поголем пад од очекувањата на аналитичари.

Вкупните приходи на компанијата може да бидат 11 отсто помали во однос на една година претходно и да изнесуваат 59 милијарди вони (52 милиони долари).

Изминатите години приходите и профитот на компанијата силно се зголемија благодарение на побарувачката за мемориски чипови за мобилни уреди.

„Самсунг“ очекува намален профит и во првото тримесечје од 2019 година, поради слаба побарувачка и јакнење на конкуренцијата. Намалената побарувачка, особено во Кина го притисна целиот технолошки сектор.