Економија 14.11.2018 14:23

Секој ден по една мерна станица не работи

Секој ден по една мерна станица не работи

Вчера по обелоденувањето дека мерната станица во Велес веќе не работи година дена. А, надвор од функција веќе беа две мерни станици, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми. Денес одредени медиуми обелоденија дека мерната станица во Битола исто така не работи повеќе од два месеци.

Граѓаните на Битола во последните 2 месеца не знаат колкаво е аерозагадувањето во централното градско подрачје, затоа што од 20 септември годинава не работи мерната станица Битола2. На последната седница советниците во општинскиот Совет, ја задолжија градоначалничката да побара од Министерството за животна средина да ја стави во функција оваа мерна станица,а од Општината велат дека постапката е во тек.

Додека пак другата мерна станица, лоцирана во индустрискиот дел на градот, на 12 километри од РЕК Битола, покажува зголемено аерозагадување, посебно во вечерните часови, а досега се регистрирани 62 денови со концентрации на ПМ10 честичките над граничните вредности, наспроти дозволените 35 дена во текот на годината. Од ЕЛЕМ уверуваат дека интензивно работата на еколошки проекти, а се очекува РЕК Битола наскоро да ја добие и интегрираната еколошка дозвола.

Министерството за животна средина по објавувањето на неколку мерни станици дека не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен или пак појаснување зошто не работат. Зошто се молчи дека токму мерните станици во најзагадени општини не работат?

Дали со исклучувањето на мерните станици во најзагадените општини СДСМ сака да ја прекрие својата неспособност, дека не можат да го исполнат ветувањето за почист воздух?Додека граѓаните се гушат во нечист воздух и не знаат колкаво е загадувањето, СДСМ молчи и уверува дека работат на случајот.