Актуелно 19.07.2019 11:57

Шарените револуционери и членовите на СДСМ разочарани од потезите на Зоран Заев

Шарените револуционери и членовите на СДСМ разочарани од потезите на Зоран Заев

Оние кои најмногу го фалеа и поддржуваа Зоран Заев сега станаа негови најголеми критичари.

Разочарани од неговата неработа и погрешните чекори кои ги превзема, членовите на неговата партија СДСМ, како и претставниците на некогашната „Шарена револуција“, немаат веќе позитивни зборови за премиерот.

Го критикуваат секојдневно, на различни теми. Освен што повеќе ја нема нивната поддршка, сега овие луѓе бараат одговори и одговорност од него.

Живорад Томовски е член на СДСМ, вработен како професор на ПМФ. Го поддржуваше доаѓањето на СДСМ на власт, но денес објаснува дека тие кои давале поддршка за ова, биле наивни.

-Власта ја превземавте за да бесрамно се разграбате, а ние наивни мислевме дека сакаме држава да правиме. Нека Ви служи на чест, потрошивме здравје и драгоцено време за вашите болни хирови, ненаситни задници и преполни џебови-пишува тој.

Активистот Роберт Милески ја величеше партијата СДСМ, која денес, разочаран од нејзините активности, ја условива со друго име.

„СДСМ донесе Декларација за бескомпромисна борба против криминалот: Партиската припадност никого не амнестира.
Ахмети: Нека покажат еден аргумент дека ДУИ ја има злоупотребено власта.
Декларативци“-коментира Ивор Мицкоски!