Петре Шилегов, градоначаллникот на Скопје, повторно се пожали од превработеноста во јавните претпријатија кои се под капата на градот, како и од прекубројноста на градската администрација.
При своето гостување во 1ТВ наведе дека тие претпријатијата не се целосно функционални и немаат стандарди во нивното работење, додека админситрацијата има проблем со преголема и непотребна вработеност на пониските нивоа. Поради големите издатоци што одат за плати кон прекубројно вработените, тој смета дека од друга страна потешко се реализираат плановите.
„Имаме сериозен проблем во Македонија, голем дел од буџетски средства одат за плата за државна администрација, каде постои превработеност во ниското ниво што прави притисок да не можете да дадете атрактивни плати на способни луѓе на повисоки места. Потребно е да се ослободи буџетот на град Скопје од превработување на ниско ниво за да се обезбедат способни луѓе кои ќе ги водат процесите“, изјави Шилегов, кој додаде дека граѓаните во секое време може да се пожалат и да пријават одредени проблеми со градската администрација.
Пред помалку од еден месец Шилегов на седница на Град Скопје рече дека има 1.200 прекубројно вработени, а гоем број примени од претходното локално раководство биле нестручни.
-Имаме 1.200 административци повеќе од она што ни е потребно. Веднаш ќе потпишам во ’Градски паркинг‘ да останат само 130 вработени кои се стручни и тогаш веќе нема да треба да вработувам нови. ЈСП ’Скопје‘ има 700 административци, или повеќе отколку што има возачи. ’Градски паркинг‘ јас кога станав градоначалник имаше 237 вработени, а сега има 258. Од нив половината се вишок и слободно може да си одат. Вработувани се по партиски клуч и тоа ни е јасно, а мене ми требаат стручни луѓе. Како да не вработувам нови. Ве повикувам вие да бидете претседател на комисија што ќе направи списокот на над илјада вработени од јавните претпријатија кои би требало да бидат отпуштени, рече Шилегов.