Актуелно 17.03.2019 13:55

Шилегов и дење и ноќе на тротинет: Граѓаните со прашања колку ги плаќа репортерите за оваа хит фотосесија (ФОТО)

Шилегов и дење и ноќе на тротинет: Граѓаните со прашања колку ги плаќа репортерите за оваа хит фотосесија (ФОТО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изминативе денови е присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет.

Се појавија фотографии како тој со тротинет оди на работи, а на Фејсбук и самиот се пофали дека последниот ден од оваа работна недела си заминал дома со тротинет.

Откако социјалните мрежи буквално беа преплавени со коментарите дека тој еден ден ќе се вози со тротинет, а следниот повторно ќе си оди со автомобил на работа, објави цел фолдер со фотографии.

Дел корисниците на социјалните мрежи го прашуваат и Петре колку пари ги плаќал фоторепортерите за ваква фотосесија.