Актуелно 23.09.2019 13:34

Шилегов оптимист дека водата на Вардар ќе стане сина до крајот на 2023 година- градските власти 24 часа молчат кој ја загадува реката

Шилегов оптимист дека водата на Вардар ќе стане сина до крајот на 2023 година- градските власти 24 часа молчат кој ја загадува реката

Градоначалникот на град Скопје кој се „колнеше“ дека градот Скопје ќе го направи европска метропола, наместо тоа речиси го уништи градот.

Празните ветувања на Шилегов три години по ред се само доказ за неработењето на градските власти на чие чело е Шилегов.

Скопјани се уште го чекаат животот кој го вети Шилегов

Кандидатот за градоначалник на град Скопје во 2017 година Петре Шилегов во својата изборна програма пред скопјани ветуваше брда и планини, а од тоа три години по ред граѓаните не гледаат ништо.

Имено во предизборното видео на Шилегов тој ветува дека ќе го осветли и уреди кејот на реката Вардар, но три години подоцна граѓаните се сведоци на лажното ветување на Шилегов преку фотографии кои во месец мај ги објави КУРИР од состојбата на кејот.

Наместо кејот на Вардар да биде собиралиште за одмор и рекреација за сите тој сега е срам на скопјани, а доказ за тоа е неоствареното ветување на градоначалникот ветено преку видео спот пред изборната кампања за локалните избори во 2017 година.

Месец дена подоцна Шилегов во јуни стана оптимист дека Вардар до 2023 година ќе добие сина боја.

Исто така јавноста е гневна на ветувањата на градоначалникот дека ќе се грижи за животната средина и дека истото му е негов висок приоритет, а најголем доказ за тоа после загадувањето на Скопје кое штотуку не започнало за некој месец, е загаденоста на Вардар и поморот на риби.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потенцираат дека Власта и Шилегов треба да одговорат чии бизнис интереси штитат за еколошката катастрофа на Вардар?

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.

-Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија. Популизмот на Шилегов платен со парите на граѓаните не може да ја сокрие неговата неспособност и лукративност. Оттука во неделата кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина. Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се  ставаат во заштита на нечиви бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните, потенцира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје?

-Петре Шилегов и надлежните државни институции се најнадлежни да го решат постојниот случај со еколошката катастрофа во Скопје. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, стои во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку реката Вардар вчера во текот на денот беше алармантно загадена и предизвика помор на риби со што паднаа сите тези во вода дека водата на реката Вардар ќе ја направи гордост на градот Скопје.

Од градот Скопје веќе 24 часа молчат по првичните сознанија дека Вардар е загаден, од таму на Фејсбук вчера објавија само дека инспекциите се на терен.