Зонското паркирање ќе зафати делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Според плановите на Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, во овие три општини ќе се овозможат дополнителни 1.500 паркинг места.
Во Кисела Вода зонско парирање ќе има на четири улици, „Антон Попов“ (зона Д140), „Емил Зола“(Д141), „Иван Козаров“ (Д142) и „Вера Јоциќ“ (Д143). Во Гази Баба пак, зонско паркирање е на улицата „Индустриска“ во Автокоманда (Д20).
Зонското паркирање го зафаќа и Карпош 1, на улиците „Мирка Гинова” (зона Д40-Д59), „Иван Аговски” (Д40-Д59), и „Гиго Михајловски” (Д40-Д59), како и кај Лептокарија (зона Д70-Д79).
Голем број на луѓе на социјалните мрежи кометира за оваа мерка на Шилегов и велат дека не се задоволни. Зонско паркирање во овие општини немало 10 години и дека ниту еден градоначалник до сега не го вовел а сега Шилегов нема проблем да удри по џебот на скопјани.
Извор: Фокус