На половината од битолските училишта им е исклучена струјата поради неплаќање на неколку дена пред почетокот на новата школска година.
Пред почетокот на учебната година, битолските училишта должат над 6,5 милиони денари за неплатена струја, а од 18 училишта, на половината кои имаат блокирана сметка, електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите престанала да се плаќа во април 2017, уште пред промената на локалната власт. Поради наталожените долгови со години, сметките на училиштата се блокирани од извршни решенија по основ на разни долгови, а еден извршител наплатил 100 илјади евра за вкупните извршувања од едно од училиштата, други извршители за други извршувања наплатиле 200 илјади евра.
извор: slobodnaevropa.mk