Економија 15.05.2018 12:34

Шведска ѓубрето го претвора во топлина и во пари

Шведска ѓубрето го претвора во топлина и во пари

Шведска има необичен проблем – и недостига ѓубре, па го увезува.

Со долгогодишната традиција на рециклирање и палење на отпадот, државата има премногу погони за палење во кои ѓубрето го претвора во енергија, а имаат премалку ѓубре за да ги пополнат капацитетите, па стана најголемиот увозник на ѓубре од другите земји во Европа.

Бидејќи Европската унија сака да ја намали количината од 150 милиони тони ѓубре кои годишно се оставаат на депониите, Шведска ја гледа својата можност за уште поголем увоз, од кој сите би имале корист, и земјите „извозници“ бидејќи би имале помалку ѓубре, и ладната Шведска, која во голема мера се грее токму на ѓубре, а од друга страна уште и добива пари за таквиот увоз.

„Речиси вознемирувачки звучи податокот дека некој увезува ѓубре, но не е проблем шведскиот увоз, туку големите количини на ѓубре во другите земји“, рече претседателот на управата на шведската чистота, Веине Вигвист.

Ѓубре не увезува само Шведска. Од земјите во ЕУ, тоа го прават и Германија, Белгија и Холандија. Германија поединечно увезува најголема количина, но Шведска е прв увозник во делот на палење на отпадот.

Шведска минатата година имала увоз од 850 илјади тони запаливо ѓубре, а вкупно запалила 5,5 милиони тони. Според достапните најави за зголемувањето на бројот и капацитетот на погоните за палење на ѓубре, се претпоставува дека до 2016 година ќе увезе околу 2 милиони тони ѓубре.

„Новите погони за палење се градат за да го користат ѓубрето од другите држави. Целта е на крајот, ѓубрето да ги замени другите видови на горива“, рече енергетскиот советник Јохан Сундберг.

Освен што се енергетски исплатливи, ја искористуваат 90 проценти енергијата на ѓубрето, многу повеќе отколку вообичаеното производство на струја. Погоните за палење на ѓубре, посебно придонесуваат за чување на околината, бидејќи го користат ѓубрето од депониите на кои се прави голем дел од вкупната емисија на стакленички гас – метан.

„Ако запалите еден тон ѓубре, 500 килограми јаглерод диоксид помалку ќе се испушти во атмосферата, отколку да го оставите во депонијата. Тоа е значајна количина“, рече Сундберг.