Денешното рочиште на кое Систина бара 634.251 денари отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13 е одложено откако е откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот.
Долгот од над 10 илјади евра е врз основа на неплатена операција во клиниката Систина, во која сопственички врски има и сведокот за рекетот Орце Камчев.
Расправата е одложена за 20-ти декември.
Јовановски многу често поради проблеми со здравјето по опеартивниот зафат е носен од затворот во Шутка на скопските клиники, а дури се шпекулираше дека тој ќе поднесе контра тужба против Систина заради проблемите предизвикани од операцијата на желудник во клиниката.
Јовановски е во притвор од 15-ти јули, а зедно со него е обвинета и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски викан Кичеец.
Извор: telma.com.mk