Економија 18.09.2019 09:49

Скокна цената на златото и среброто поради нападот во Саудиска Арабија

Скокна цената на златото и среброто поради нападот во Саудиска Арабија

Цената на златото на самиот пазар се зголеми за 1,27 проценти на 1,507,40 американски долари за унца.

Цените на златото и среброто скокнаа повеќе од 1,0 проценти, бидејќи инвеститорите „избегаа“ во безбедни средства откако нападот врз саудиските нафтени централи предизвика загриженост за глобалното снабдување со енергија и ги зголеми тензии на Блискиот исток.

Цената на златото на самиот пазар се зголеми за 1,27 проценти на 1,507,40 американски долари за унца (традиционалната мерка тежина во Велика Британија, изразена во грамови на една унца (1 oz) изнесува 28.34952 грama), додека американските фјучерси на злато поскапеа за 0,83 проценти на 1.512,1 долари, објави CNBC.

Безбедна инвестиција

Среброто, како и златото, се смета за сигурна инвестиција, но тој метал се користи и во производството на производи за широка потрошувачка, како и во индустрискиот сектор.

Цената на среброто на пазарот се зголеми за 2,96 проценти на 17,94 долари за унца, објави Tanjug.

Скокот на цените на скапоцените метали дојде откако Саудиска Арабија во саботата привремено затвори скоро половина капацитети за производство на нафта во таа држава по серија напади на беспилотни летала на најголемата рафинерија на нафта во светот.

Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група Хуси во Јемен, а администрацијата на Трамп за нападот го обвини Иран.