Актуелно 04.06.2018 16:31

Скопје, драконско поскапување на паркирањето во катните гаражи

Скопје, драконско поскапување на паркирањето во катните гаражи

Поскапеа месечните билети на катните гаражи кои се под Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Од почетокот на овој месец месечниот билет за физичките лица, од илјада денари цената е качена на илјада седумстотини и седумдесет денари. Директорот на институцијата се правда дека не станувало збор за раст на цената, туку за порамнување со цената на билетот на паркинг-плацот спроти ГТЦ.

Економската исплатливост за одржување на тие гаражи. Трошоците за тие гаражи се исклучително високи и од таа причина пристапивме да ги израмниме цените со цената која е од 2014 година донесена за паркиралиштето спроти Холидеј Ин”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДСДП.

Солунски конгрес, „Разловечко востание, „Смилевски конгрес, „Кресненско востание – ова се катните и подземните гаражи каде веќе важат новите повисоки цени. Граѓаните се затечени и револтирани.

Па, не би требало да се зголемува

Не сум запознаен и не ни ми треба месечна и годишна“, велат дел од анкетираните граѓани.

Ваквата одлука за новите цени ја донел одборот на директори на Акционерското друштво.

Засега нема најави за зголемување на цените на билетите и кај останатите катни гаражи кои се под Град Скопје , како и оние со кои раководи Општина Центар. За да има корекција во нивните цени потребно е да решат општинските совети.

Извор: Алсат

Најнови вести