Економија 25.10.2018 15:56

Словачка „лапна“ огромна инвестиција

Словачка „лапна“ огромна инвестиција

Автомобилската компанија “Jaguar Land Rover” отвори нова фабрика во Словачка вредна 1,6 милијарди долари. Тоа е првата фабрика на овој производител на луксузни автомобили во континентална Европа.

Компанијата, со седиште во Велика Британија, во сопственост на индиската Tata Motors, ќе изгради фабрика во близина на градот Нитра, околу 100 километри источно од Братислава, која ќе се произведуваат 150.000 автомобили годишно, објави АП.

Словачката влада ги одобри државните субвенции за овој проект во вредност од 130 милиони евра.

Од Jaguar велат дека целокупното производство на својот модел “discovery” се префрла во Словачка од Бирмингем, а тоа се должи на пониската продажба на дизел возила, данок на автомобили и несигурноста во врска со излезот на Велика Британија од Европската унија.

Во Словачка, со население од 5,4 милиони жители, свои капацитети имаат голем број на други автомобилски компании, како што се германскиот Фолксваген, францускиот “ПСА Пежо Цитроен” и јужнокорејскиот “Киа моторс”.