Актуелно 24.12.2019 13:46

Случајот „Рекет“ како крими драма- Кои високи функционери од власта го штителе Боки 13?

Случајот „Рекет“ како крими драма- Кои високи функционери од власта го штителе Боки 13?

Каде се милионите од рекетот? Кои судии и обвинители одаваат службени тајни? Кои високи функционери од власта го штителе Бојан Јовановски? Дали се во доказните материјали СМС пораките кои ги добивал Кичеец и Бојан Јовановски, а особено една СМС порака испратена од многу висок функционер на власта до Бојан Јовановски чија содржина има потенцијал да го открие нарачателот на рекетот?

Ова се прашањата кои ги поставуваат јавноста и новинарите за случајот „Рекет“, случај кој се чини дека е намерно „заглавен“ во судските лавиринти.

Што знаеме досега?

Откако во недостиг на официјални информации во јавноста, освен пресудата за Зоран Милевски, порталот Инфомакс е тој кој објавуваше детали од исказите дадени во случајот.

Зоран Милевски Кичевскиот уште на првото рочиште се откажа од своето право на одбрана и на прашањето на судијата дали се чувствува како виновен одговори позитивно. Неговот чувство на вина го кошта три години затвор. Но од неговиот исказ навистина не може да се разбере каде и зошто тој се почувствувал виновен- освен во еден дел каде што Зоран Милевски Кичевскиот вели дека Боки многу му се налутил откако дознал дека е пријавен кај премиерот.

Ако судиме по „бомбите“ и врската помеѓу Кичеец и Боки можеби се чувствува виновен затоа што ја нарушил неговата доверба кај Боки 13.

Во исказот даден на 19.08.2019-та година под архивски број КОбр. 84/19 Зоран Милевски се претставил себе си како советник на директорот на Орка Холдинг. Објаснил дека е женет, а како што кажа и на подготвителното рочиште и дека е татко на 5 малолетни деца. Од имотна состојба го пријавил само својот автомобил марка „Порше“, но ги изоставил своите парчиња оружје- на број преку 200 парчиња оружје и муниција кои се регистрирани на негово име. Испитувањето на обвинетиот започнало во 12.05 часот.

„Јас бев вработен во Орка Холдинг на работно место советник на директорот. Покрај тоа што бев вработен во Орка јас со Јордан Камчев бев близок пријател, односно тој ми беше како брат“, вели Милевски во првиот пасус од исказот пред обвинителството.

Тој продолжува да објаснува како Јордан Камчев прв пат се сретнал со Боки 13 и тоа во ресторанот на неговата сопруга Ана Камчева. Додека седеле на една од масите заедно со Орце Камчев во „Сушико“ влегол и Бојан и си седнал на друга маса.

„Јордан му мафна да го поздрави Бојан по што тој дојде на нашата маса се поздравија, изгушкаа и Јордан му кажа да седне со нас. Бојан му кажа на Јордан дека треба да разговараат и тоа дека има проект за изградба на домови за стари лица во кои е добро да инвестира Јордан.“, вели Милевски некаде при крајот на првата страница од неговиот исказ.

Ова било прва јавна средба помеѓу Бојан и Орце или поточно прва средба на која Кичеец дознал дека Камчев комуницира со Боки 13. Претходно Камчев и Боки се виделе уште еднаш кога Бојан му предложил уште некои други проекти, но бидејќи не биле сериозни за тоа не го информирал неговиот „брат“ Зоран Милевски Кичеец.

Дека проектите се несериозни се согласил и Кичевскиот кој го советувал Орце да не инвестира бидејќи од нив нема да направи никаков профит. На ова негодувал Бојан Јовановски.

„Бојан кажа во смисла „вие си знаете, но добро е да соработувате со мене, позади проектот стои 1 ТВ“, сведочел Зоран Милевски, но додава дека не се сеќава дали во тој наврат или во некоја друга прилика Бојан кажа дека синот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева работи кај него.

И потоа Зоран Милевски Кичевскиот објаснува како течела комуникацијата помеѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски, објаснува дека Орце Камчев бил подготвен да плати огромна сума за рекламирање во телевизијата 1 ТВ и дека и покрај парите дадени за реклама сепак бил отворен случајот „Империја“.

И тогаш започнале првите контакти помеѓу Милевски и Боки. Милевски се обидувал да го намоли Боки да му помогне, а овој пак го поврзал со Катица Јанева велејќи му дека се си има цена. Околу средбите динамиката на исплаќање и договарање веќе детално е елаборирано и нема потреба да се повторуваме.

Ова што е досега напишано е само илустрација за релевантноста и постоењето на ваквиот исказ на Кичеец, а еве што е битно.

Откако му ги дале парите на Боки во Луј Витон чанта на Боки, Орце Камчев отишол кај премиерот и го пријавил случајот. Зоран Милевски не бил свесен за ваквиот потег на неговиот „брат“ па бил изненаден кога Боки една вечер му се јавил по телефон и му го кажал следното.

„Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил.“, вели Зоран Милевски Кичевскиот на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

И треба ли поголем доказ или поголема индиција обвинителството да слушне глас и да се запраша кој тоа од Влада го информирал Бојан Јовановски дека Орце Камчев пријавил кај премиерот дека е рекетиран. Кога обвинителството на Русковска ќе го повика Зоран Заев да даде исказ?

„Јас следниот ден веднаш отидов кај Јордан во канцеларија му кажав за разговорот со Бојан при што Јордан ми кажа ‘ти уживај треба да кажеш се како што било’ снимаа се Бугарите и Американците се имам документирано како било и ќе видиме сега како ќе заврши „Империја“, вели Зоран Милевски Кичеец на последната страница од својот исказ пред обвинителството.

Она што дополнително импонира е дека Зоран Милевски Кичеец познат во чаршијата како човек кој не се плашел да влезе ниту во физичка пресметка, како човек љубител на оружје бил исплашен при првиот исказ да ја каже вистината пред обвинителството. Замислете човек кој што ги знае валканите игри на голем дел од јавните личности во државата се плашел да ја каже вистината пред обвинителството бидејќи знаел дека тоа што ќе го каже нема да остане само во обвинителството туку ќе биде пренесено кај луѓе од власта кои што потоа би му се одмаздиле.

„И јас кога дојдов првиот пат во обвинителството кога бев повикан не ја кажав вистината затоа што бев исплашен бидејќи на сите средби претходно од почеток Бојан се фалеше со неговите познанства особено со високу функционери од Власта, а исто така со судии и обвинители“, вели на крајот од својот исказ Зоран Милевски Кичеец.

И сега се поставува прашањето кои се тие судии и обвинители кои тајните искази на сведоци и обвинети ги пренесуваат кај луѓе од власта кои ги загрозуваат животите на лица опфатени со истраги за да добија повеќе поени кај премиерот, вице премиерот, министрите и пратениците?

Високи функционери на власта биле добро запознати со активностите на Боки 13 и Катица Јанева

„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13 го познавам неколку години наназад, Се сеќавам втората половина на месец јануари 2019 година со друштво седев во кафе бар Круг кога се појави Боки и пријде да се поздравиме. Ми кажа дека деновиве треба да се видиме“.- cведочи еден од лицата повикани од Oбвинитeлcтвото за организиран кpиниминал и кopупција во исказ даден во врска со аферата Рекет, а директно ја поврзува владата со рeкeтарскиот поxод на Боки 13 и Катица Јанева,

Дека високи функционери на власта биле добро запознати со активностите на Боки 13 и Катица Јанева јасно може да се види и од исказ на свeдок во врска со случајот Рекет, инаку бивш дирeктор на една од најголемите телекомуникациски компании во Република Македонија. Cвeдoкoт објаснува дека Боки 13 му пренел оти Владата била подготвена да му пoмoгне тој да стане директор на Македонски телеком а за возврат овој би требало да доделува тендери на компании кои Боки ќе му ги каже.

–На 31.01.2019 година на телефон ми се јави Зоран Милевски по прекар Зоки Кичевскиот и ми кажа дека Бојан односно Боки сака да се види дословно следниот ден во 13.00 ч во неговата канцеларија во 1ТВ. Јас се согласив и дента ми го презакажаа состанокот во 13.30ч по порака која ми ја прати Зоки Кичевскиот – вели сведокот во својот исказ на втората страница од записникот на почетокот од истиот.

Понатаму дообјаснува дека тој отишол во 1ТВ и по тесни скали се качил во кабинетот на Боки 13 и таму веќе биле Боки и Зоки Кичевскиот.

–Најнапред почнавме да разговараме на општи теми, по што Боки кажа дека Владата не била зaдоволна од сегашниот генерален директор на Телеком и дека сакаат мене да ме постават за генерален директор – вели сведокот во својот исказ.

Тој објаснува дека на Боки и Зоки им кажал дека бидејќи работел подолго време во телекомуникацискиот бизнис оти генерален директор на телеком поставува Дојче Телеком кои е и сопственик на Македонски Телеком. Тој им објаснил дека Владата може да биде консултирана, но и не мора.

–Боки и Зоки кажаа дека тоа може да се среди дека може да ургира владата јас да бидам поставен за генерален директор и ако бидам поставен во Телеком Македонија чекале на рeализација на неколку проекти да се потпишат и треба да ги дадам тие проекти на фирми кои ќе ми ги каже Боки – сведочи потенцијалниот генерален директор во сведоштво пред Oбвинитeлcтвото за организиран кpиминал и корупција.

Тој им објаснил дека тендери нe може да дава на фирми, особено заради тоа што во сопственичката структура на Македонски Телеком фигурира и државата. Да доделува тендери на кого сака било можно во претходната компанија каде што бил директор, но таа била чисто приватна.
Но Боки инсистирал дека тој има поддршка од Владата и сѐ ќе било средено.

– Боки ми рече дека тој има пoддpшка од Владата и дека сето тоа може да се среди – кажува cвeдoкот, cвeдoчејќи за убеденоста дека Владата делува преку него.

Откако нe добил одговор на понудата, Боки започнал и со својата класична рекет шeмa кажувајќи му на cвeдoкoт оти тој (Боки) знаел дека овој контактира со Кондоминас.

–Се сеќавам дека на кратко Зоки Милевски излезе од канцеларијата, зборуваше со некој на телефон, се врати, по што Боки ми кажа дека знае да јас имам конатакт со Кондоминас и да се поврзам со истиот – пишува во cвeдoштвото на втората страница од записникот некаде на средина од истиот.

Кога го прашал зошто, Боки му одговорил дека предметот за Телеком го превземало СЈО и дека ќе започне иcтpaга против внукот на Кондоминас, Михалис Кефалојанис, од причина што Михалис бил член на бордот на директори на Телеком. Свeдокот му објаснувал на Боки дека делото за Телеком е зacтapeно и дека не може да има иcтpaга, на што Боки му одговорил дека има работи кои не биле зacтapeни.

–Боки тогаш ми кажа дека има работи кои не се зacтapeни и дека СЈО ќе почне сериозна иcтpaга, меѓу другите и за Михалис Кефалојанис. Јас му кажав дека за Михалис пријавата е отфрлена упте кога беше претходната влacт, на што Бики го зема телефонот, заврти број и телефонот го вклучи на интерфон – кажува cвeдокот на втората страница од записникот.

Cвeдoкoт понатаму објаснува дека на другата страна на линијата била Катица Јанева, а тој бил зaпрeпacтeн од односот на Боки кон Катица. Таа според иcказот на cвeдокoт се однесувала како да му е пoтчинeтa на Бики 13.

–Тој ја праша Катице, седам со луѓе во врска со предметот за Телеком, што го презема, нели тој не е зacтapeн и Врховен што ги прогласи за зacтapeни се работи за лицето знаеш Михалис Кефалојанис, Гркот, за него предметот овие го отфрлија, нели тоа ништо не е завршени ти почнуваш од почеток – кажува cведокот во својот иcказ на втората страница при крајот на страницата.

На ова Катица одговорила дека предметот бил ставен на листа и дека СЈО си го работело предметот – „Да Лиле го стави на листа тој предмет ние си го работиме“, му рекла Катица на Боки, cвeдoчи cвeдокoт и продолжува „После тоа Боки и кажа „Добро ќе се видиме вечер секако ќе ти објаснам сѐ за тоа…“

Cвeдoкoт бил зaпрепacтен од тоа што го слушнал па на Боки му рекол дека и ако му се јави што да му каже на Кондоминас, за колку ќе се зaвршела работата- милион или два.

–На тоа Боки одговори каков милион два, треба многу повеќе да се плати, се работи за голем предмет. Исто така ми кажа дека доколку не се плати Михалис ќе биде на листа на Интерпoл и дека нeмa да може да излезе од Грција. Тука сакам да појаснам дека семејството на Кондоминас е многу влијателно во Грција и Нова демократија, а исто така се многу влијателни во Европа, затоа што се екстремно богати – сведочи несудениот генерален директор на Македонски телеком пред Oбвинитeлcтвoто за организиран кpиминал и корупција на втората страница од зaписникот пред крајот на страницата.

За целото време cвeдoкoт вели дека Зоки Кичеец мoлчeл и бил коректен, а кога тој го прашал дали се сериозни за ова, Зоки само кратко одговорил „Најјак е братот“ покажувајќи кон Боки Тредичи.

За малку cвeдoкoт ќе пpопуштел да каже, вели тој во записникот, оти Боки ќе средел со уредниците на неговата телевизија овој предмет да добие подлога за гoнeњe доколку бараното од него нe биде исполнето.

–Пропуштив да кажам дека Боки кога разговаравме за Михалис ми рече дека он ќе ги собере уредниците од неговата телевизија, преку истите ќе направи подлога за гoнeњe на Михалис, дека се отвaра случајот и дека тоа ќе оди постојано на телевизијата, а порталите ќе преземат од телевизијата – cвeдoчи cвeдoкoт на крајот на втората страна од записникот .

Кога завршил состанокот Боки на сведокот му закажал нов состанок истиот ден во 16ч во хотелот „Александар Палас“ во ресторанот.

–Јас кога дојдов Боки и Зоки веќе беа седнати и разговаравме повторно на тема јас да станам директор на Телеком. На крај ми кажа ‘Размисли како па да се слушнеме и ќе се видиме и ќе се организира средба во Влада – вели cведокот во својот исказ даден пред Oбвинитeлството за организиран кpиминал и корупција на третата страна од исказот на почетокот од страницата.

Понатаму објаснува сведокот дека многу размислувал дали да му се јави на Кoндоминас затоа што го фатило срам „…затоа што Боки од една страна се фалеше со негови те блиски релации со Премиерот и целата Влада, а од друга страна дека може специјалната јавна обвинителка да биде вмешана во вакви работи.“,- објаснил cведокот на кому му се нудело да биде генерален директор на Македонски Tелеком.

–Друго немам што да ви кажам – заклучил cвeдокот при испитувањето кое завршило во 11.55ч во Oбвинитeлството за организиран кpиминал и корупција каде тој одговарал пред Oбвинитeлкaта Вилма Русковска.

И Филипче рекетирал? Што зборувале Венко и Орце кај Боки дома и каква била јавно-партнерската шема?

Ако се уште има некој што му верува на Зоран Заев, а во таа смисла и на било кој во неговиот владин кабинет дека не знаел и не бил вмешан во рекетот кој се вршел врз бизнисмени опфатени со истраги на СЈО, тогаш веројатно ова ќе ги осоколи и оние кои се уште мислат дека Заев е невин, стои во последната анализа на порталот Инфомакс.

Во продолжение анализата на новинарот Александар Митовски:

И не ми беше намерата со овој текст да ве убедувам во инволвираноста на Заев во криминалот на Боки и Јанева. Ако тоа досега не сте успеале да го сфатите, нема ни сега. Но она што можам да го направам е да обелоденам уште некои нови детали.

Овој пат, да зборуваме за темата на состанокот во формат Бојан Јовановски, Венко Филипче и Орце Камчев. Или подобро кажано, серијата на состаноци.

За прв пат во јавноста, името на Венко Филипче како човек кој бил во контакт со рекетарите на неговиот владин шеф, Боки 13 и Катица Јанева, беше споменато на второто рочиште пред судот, дента кога како сведок беше повикан Орце Камчев како пријавител на рекетарската шема која се вршела врз него.

Но како што беше споменат, онака попатно, Филипче се изгуби од фокусот на јавноста благодарение на секојдневните напори за дефокусирање на граѓаните со стерилни теми во стилот „ете видовте, Заев не знаеше за шемата“. Изјава тогаш даде и Венко, во насока на тоа дека се знаел со Орце и дека таков состанокт навистина се случил, ама ете, ништо не испаднало од истиот. Ама, не е баш така…

Прво, немало само еден состанок во овој формат – Боки, Венко и Орце. Биле повеќе состаноци. Сите биле тематски, односно во насока да се искористи позицијата на Камчев со цел министерот за здравство да си ја обезбеди својата иднина по промената на власта на 12. април. Секако, во тие моменти Филипче не знаел дека ќе има предвремени парламентарни избори, но човекот си работел на обезбедување на својата финансиска сигурност и сигурноста на неговите поколенија.

Имено, тема на разговор на состаноците било склучување на јавно-приватно партнерство помеѓу Министерството за здравство и Орце Камчев. Во ова јавно-приватно партнерство, како што кажува Боки Тредичи, Орце Камчев бил убедуван да ја купи Градската болница „8 Септември“, и видете чудо – понудената спогодба била во висина на побараниот рекет. Од бизнисменот се барало да влезе во партнерство со Филипче за 10-тина милиони евра, a од овие одреден процент да биде исплатен во кеш пред склучувањето на ЈПП. Секако, „каса“ би бил Боки до исполнување на договорот. Нешто како ценовникот на Димишкови…

Како и Боки и Катица, овој план на бизнисменот му бил презентиран како „одлична можност“ тој повеќе да нема проблеми со власта. Демек, вака да си ја купи слободата. Класичен, легализиран рекет.

И сега сакате да ми кажете дека Зоран Заев не знаел за „Рекет“?

Или пак сакате да дискутираме дали Никола Димитров го информирал неговиот шеф дека еден нерезидентен амбасадор го информирал дека бизнисмени се рекетираат година дена пред да пукне аферата во јавност?

Како тогаш Заев знаел дека Боки „многу му земал“ на Орце и дека „не требало толку“?

Кој бил човекот кој во Влада го повикал Боки за да го информира дека Орце бил таму и го пријавил рекетот што се вршел врз него? Зошто обвинителството не истражува во оваа насока?

Но знаете што е најинтересно, името на Венко Филипче за прв пат во етерот го извади токму Бојан Јовановски. Оттука, се поставува и логичното прашање – отвори ли Боки ново поглавје во „Рекет“, испраќајќи му порака на Зоран Заев дека ќе ја разоткрие целата шема и сите инволвирани?

Заев не знае кога го пријавил „Рекет“, мора да погледне во агендата

Премиерот во заминување Зоран Заев не знае кога точно, на кој ден и датум и како го пријавил случајот „Рекет“ и дали за тоа има официјални белешки. За да го стори тоа, ќе мора да погледнел во неговата агенда.

Вчера на новинарско прашање дека од опозицијата го повикуваат да каже на кој ден и датум и на кој начин го пријавил случајот „Рекет“ и дали за тоа има некаква службена белешка Заев одговори не знае кога го пријавил случајот.

Мицкоски: За разрешница на случајот „Рекет“ потребно е вистинска правда, а не судски театар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето интервју за радио „Македонски корени“ од Сиднеј вели дека на обвинителната клупа за случајот „Рекет“ треба да седнат инспираторите, сценаристите и организаторите.

-Ова е само еден од низата криминални и коруптивни случаи кои што се случија во минатото, а ова е само еден од таа низа. Очекувам навистина да сторителите на ова грозоморно рекетирање и уценување да бидат изведени пред лицето на правдата. Тука пред се не мислам на оние лица кои што се онаму на обвинителната клупа туку на инспираторите, сценаристите и организаторите на сето ова кои што се уште не ги видовме на обвинителната клупа, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека трпението доаѓа до крај, очекува да види вистинска правда, вистинска разрешница на овој случај, а не судски театар, но сепак останува процесот да го доживее својот крај па тогаш да се коментира.

Анкета: Граѓаните ја обвинуваат Владата и сметаат дека не направила доволно за „Рекет“

Но тука се и граѓаните кои се целосно разочарани од начинот на кој се спроведува истрагата за случајот „Рекет“ и кои мислат дека Владата не направила доволно за да се открие вистината. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) за ставовите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата. Мнозинство од испитаниците или 68 проценти сметаат дека Владата не направила доволно за случајот „Рекет“.