Актуелно 30.08.2018 17:32

Собранието се поднови: Талат купил две „мондеа“ за 50 илјади евра

Собранието се поднови: Талат купил две „мондеа“ за 50 илјади евра

Собранието купи 2 автомобили марка „форд мондео тренд“ од „МИ-ДА Гранд Моторс“ од Скопје, покажа Договорот за јавна набавка на моторни возила, објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.

Вкупната вредност на договорот е 3.054.430  денари со вклучен ДДВ или приближно 50 илјади евра. За возилата според техничката документација е обезбедена двегодишна гаранција. „МИ-ДА Гранд Моторс“ треба да му ги предаде возилата на Собранието 80 дена по склучувањето на договорот.

Најнови вести