Актуелно 19.03.2019 13:49

Според Државниот завод за статистика бројот на ученици во средните училишта намален за 2,2 % во однос на претходната година а во основните за 0,9 %

Според Државниот завод за статистика бројот на ученици  во средните училишта намален за 2,2  % во однос на претходната година а во основните за 0,9 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2017/2018 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 517, што претставува намалување за 0,9 % во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2017/2018 година изнесува 70 861, што претставува намалување за 2,2 % во однос на претходната учебна година.