Актуелно 07.07.2019 13:21

Стоилковски: Законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за Драги Рашковски, миленикот на Зоран Заев

Стоилковски: Законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за Драги Рашковски, миленикот на Зоран Заев

Наместо Рашковски да изиграва силеџија и се заканува со тужби кон медиуми нека одговори она за што навистина јавноста сака да знае. Наместо Заев да вели дека не ја слушнал снимката за да ја види одговорноста, треба да одговори од каде знае дека Рашковски е невин, целосно невин како што вели. Со други зборови смешен начин да се одбегне одговорност на оваа влада, на Рашковски и на Зоран Заев, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Македонската јавност заслужува одговор, дали Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски учествувал во нелегални активности? Во најновиот разговор кој беше објавен во медиумите, Рашковски говори за работи кои се предмет на истрага при склучувањето на тендерот со италијанската фирма „Леонардо“, се заслужува одговор за што станува збор и тој одговор мора да излезе. Владата е повторно фатена во еден огромен скандал, Рашковски знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понуда, и спротивно на законот наложува да разговара со оваа фирма. За каков концепт не смее да се разговара, Генералниот секретар на Владата вели дека единствено може да се разговара за цената, за што станува збор одговори мора да има? Дали во овој најнов аудио разговор, Рашковски признава дека набавката е криминална или пак можеби предмет на истрага? Обвинителството мора да се ослободи од притисоците на власта, од притисоците на Зоран Заев, на владата, на Рашковски и мора да се заинтересира за овој случај со 7 милионска аванта која Драги Рашковски ја договара со фирмата „Леонардо“ по насока на Зоран Заев. Основното Јавно Обвинителство  мора да ги слушне и обвинувањата на еден друг директор, а тоа е Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар, кој откако почна да ја критикува власта беше сменет од позицијата, а сега го обвини токму Рашковски дека земал мито за сите тендери на Клинички центар, вели Стоилковски.

„Обвинителството мора да го истражи овој случај, обвинителот Љубомир Јовевски мора да го надмине стравот и да постапи согласно законите, а не согласно директивите дадени од Зоран Заев. Зоран Заев мора да му врачи оставка на Генералниот секретар на Владата, Рашковски, доколку тоа не се случи Рашковски од позиција на моќ може да влијае врз сведоците и истрагата. Правдата во Македонија мора да се врати, сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за миленикот на Зоран Заев, Драги Рашковски“-порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.