Доколку сакаме развој на примарното земјоделско производство потребни се повисоки субвенции во земјава, сметаат од Агрокомората при Сојузот на стопански комори. Претседателот на ова здружение Огнен Оровчанец вели дека во Европа земјоделството дава добри резултати бидејќи се работи со нова технологија, има добра заработувачка, а со тоа има и интерес кај младите да се занимаваат со земјоделство.
Кај нас земјоделските површини се расцепкани, високи се цените на репроматеријалите и на нафтата, има ниска продуктивност и конкурентност, а со тоа и назаинтересираност кај младите да се занимаваат со оваа дејност.