Актуелно 22.01.2020 12:44

Таравари: Државата нема никаква стратегија за загадувањето

Таравари: Државата нема никаква стратегија за загадувањето

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари говореше за загадениот воздух и високото ниво на ПМ 10 честички во воздухот. Имено, во Гостивар нивото на загаденост утрово изнесува 983 µg/m3 ПМ10 честички.

-За среќа ние во Гостивар имаме повеќе мерачи за загаденост на воздух. Едното е тоа што покажува 983 µg/m3 ПМ10 честички. Кај мене сега е отворен другиот мерач кој што е блиску до општината, а другиот е околу 1000 метри од општинската зграда. Според овој втор мерач нивото на загаденост е 196 µg/m3 ПМ10 честички и овој е на општината. Општината купи неколку мерачи, ги инсталира го градот за да имаме мрежа, рече Таравари.

Тој кажа дека првата опција за да ниво на загаденост на воздухот е толку високо е да не случајно имало пожар во околината на училиштето или во тој регион. Имено Таравари рече дека поради ваквата ситуација ги побарал од противпожарната станица и му било кажано дека нема пожар ниту во училиштето, ниту во тој регион.

-Втората опција е апаратот да не функционира. Се што доаѓа од министерството за екологија, шансите се огромни да не функционира како што треба. Ова ни е поклон од министерството за екологија, истакна Таравари и додаде:

„Ме загрижува, сериозно ме загрижува што државата нема стратегија. Нема стратегија како да го намали загадувањето во следните 10 години. Има една стратегија која ако ја прочитате на веб страната на Владата таа е старомодна и без никакви крајни резултати, и до каде сака да стигне државата и како планира тоа да го направи?“.