Тлото на Балканот не мирува, податоците објавени на страницата на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека од синоќа во 19 часот до изутринава се регистрирани 15 земјотреси во регионот, од кои најголем број се во Јадранското море и во Албанија, а се тресеше тлото и во Грција и во Хрватска. Евидентирани се земјотреси и во Романија.
По серијата потреси во Албанија, синоќа околу 19.17 часот земјотрес е почувствуван во внатрешноста на Хрватска.
Земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала и синоќа можел да се почуствува во Карловац, но и во делови од Загреб.
Четири земјотреси за помалку од половина час биле регисирани во Албанија.Првиот од серијата е во 23.50 со јачина од 4,5 степени по Рихтер и вториот само две минути подоцна со јачина од 4,4 степени.Следните два земјотреси се регистрирани по полноќ со јачина од 3,7 степени и вториот десетина минути подоцна со јачина од 3 степени, а кои беа почувствувани и во западниот дел на земјава.
Два земјотреси едноподруго се регистрирани во Албанија и во 1.44 и 1.45 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.