Овој септември на македонскиот пазар TOYOTA носи одличен новитет за секое бизнис ориентирано лице, на кое што му е потребен верен и издржлив партнер во бизнисот. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионалните возила во гамата на TOYOTA – TOYOTA PROACE City.
Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови на бизнис потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга, 2.167mm), па сѐ до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата. Proace City Van има и одличен капацитет за товарање, со волумен од 3,3mm3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон. И во комерцијалната, и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен тоа што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано, ова возило има повисоки остаточни вредности од конкурентите.
„Како најмало возило во рангот на комерцијалните возила на TOYOTA покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. TOYOTA нуди најдолга и најсѐопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%“, изјави Ана Трајковска, Маркетинг менаџер во TOYOTA Auto Center.
Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.
Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и корисни перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – TOYOTA PROACE City: