Актуелно 08.10.2018 15:05

Транспорт и врски нема да може да ги дотроши парите за гасовод до крајот на 2018

Транспорт и врски нема да може да ги дотроши парите за гасовод до крајот на 2018

Средствата планирани за изградба на гасоводот што нема да бидат искористени до крајот на годината, ќе се пренаменат за реализација на други проекти, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Планираните средства во Буџетот за оваа намена изнесуваа две милијарди денари.

– Се што сметаме дека може да се потроши до крајот на годината ќе остане во Буџетот и ќе се трошат тие пари во реализација на капиталните инвестиции. Се останато, ако се процени дека  дел од тие средства може да се потрошат во други ставки, ќе може да се префрлат, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање дали парите наменети за гасоводот ќе се пренаменат бидејќи има застој во изградбата.