Актуелно 07.03.2019 12:56

Трошоците за живот овој февруари поголеми од лани

Трошоците за живот овој февруари поголеми од лани

Трошоците на живот во февруари се на истото ниво како и во јануари, а кај цените на мало има намалување за 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со февруари лани, трошоците на живот се пораснати за 1,1 процент, а цените на мало за 0,3 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека пораст има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, кај свежото и разладеното овошје, млекото, јогуртот, конзервирниот и преработен зеленчук, житата, чаденото месо, рибата и морските плодови. Намалување е забележано кај месото, јајцата, маслото, шеќерот и кондиторските производи.

Пораст во февруари има и кај течните горива за домаќинствата, парамедицинските услуги,книгите,  автомобилите, терапевтските помагала и мебелот, а намалување се бележи кај авионскиот превоз, туристичките пакет-аранжмани, фотографската и кинематографската опрема, услугите за сместување и облеката и обувките.