Актуелно 19.09.2018 12:32

Удвоен бројот на дозволи за одгледување канабис во Македонија

Удвоен бројот на дозволи за одгледување канабис во Македонија

Министерството за здравство за кусо време го удвои бројот на издадени дозволи за одгледување на канабис за медеицинска употреба во Македонија.

Дозвола за производство сега имаат вкупно 12 фирми, од кои десет се активни а две уште го подготвуваат теренот.

– Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата, досега им има издадено одобренија за одгледување канабис за медицински цели на 12 правни лица, соопштуваат од минситерството за „Факултети“.

Одгледувањето на опојната билка во Македонија ја дозволи претходната власт пред повеќе од две години. Во првата половина од оваа година, дозвола за одгледување имаа шест регистрирани субјекти, но сега тие се двојно повеќе пшоради зголемениот интерес.

Македонија навреме и добро се позиционираше во трката за овој силно перспективен пазар, Покрај Македонија, на Балканот тоа е дозволено само уште во Грција.

Продажбите нa медицински канабис во глобални рамки надминуваат седум милијарди евра, а се проценува дека пазарот во следните три години ќе се триплира.