Актуелно 23.05.2019 11:11

УЈП со важно соопштение до граѓаните- проверете ја вашата годишна даночна пријава

УЈП со важно соопштение до граѓаните- проверете ја вашата годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година.

Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните беше до 30.04.2019 година.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи, соопштуваат од УЈП.