Актуелно 07.11.2019 17:16

Условите во АРМ никогаш покатастрофални, власта преку розови очила вели дека реформите во одбраната се на прав пат (ФОТО)

Условите во АРМ никогаш покатастрофални, власта преку розови очила вели дека реформите во одбраната се на прав пат (ФОТО)

Реформите во одбраната се на прав пат. Со доаѓањето на власт СДСМ преку конкретни мерки и реформи ги подобрува условите за сите припадници на Армијата, но и за сите вработени во одбраната, ова денеска преку соопштение до јавноста го информираат од СДСМ.

-Растат платите на воениот персонал, офицерите, подофицерите и професионалните војници, така и за цивилните лица на служба во Армијата. Во зависност од чинот платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари. Покачувањето на платите на припадниците на Армијата е извршено етапно и изнесува 15 отсто. Првото зголемување од 10 отсто е обезбедено од први јануари 2018.година, а второто зголемување од дополнителни 5% е обезбедено од први септември 2019.година. Со овие зголемувања обезбедивме значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека СДСМ покажува што значи вистинска грижа за припадниците на Армијата и ги исправа децениските неправди и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак сликата на терен е поразлична од ова промотивно соопштение на власта кое очигледно АРМ го гледа преку розови очила.

Доказ дека условите во Армијата на Република Македонија ни малку не се сјајни е последниот пример каде цел свет и се смееше на македонската армија која во Германија на НАТО вежбата се појави со искинати униформи.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со заменик началникот на Генералштабот на Армијата Азим Нуредини минатиот месец свечено ги испрати припадниците на apмијата, коишто учествува на воената вежба во Германија, Сајбер Џанкшн 2019-та.

На оваа вежба учествуваа 140 припадници на apмијата на Република Македонија, од коишто со една пешадиска чета од Првата механизирана пешадиска бpигaда и со еден ренџерски вод од Полкот за специјални опepации. Но и покрај сите свечености со кои беа испратени, македонските вojници во Германија беа пocрамотени, не поради своите способности туку поради униформите кои на себе ги носеа.

Од фотографиите до кои стигна Инфомакс се гледа дека македонските вojници во Германија носеа иcкинати униформи кои предизвикале пoтcмев кај сите други држави учеснички на вежбата.

НетПрес неодамна напиша дека повеќе не е ни тајна дека рејтингот на Армијата е доведен на нула, а моралот на војниците и старешините во очајна состојба.

Како да биде војник или старешина мотивиран кога униформите им се искинати, храната очајна, платите ниски, а превоз моментно нема поради ненавремено објавување на тендер.

Не така одамна беше фамозната набавака на чизми за војниците, која се случи пред некое време? Во манир на Шеќеринска, ново промашување! Чизмите се само зимски, што значи не се за летен период и не ги немаат добиено сите војници, туку само одреден број.

Причината е што способните кадри на Шеќеринска примиле пратка во која ги имало само броевите од 39 до 42. Е сега проблемот се јавува што најголемиот дел од војниците носат поголеми броеви, а за нив немало набавка. Тие ќе почекаат додека почитуваната министерка да се смилува или да и наредат од партија дека треба пари кои треба да ги обезбеди на грбот на војската.

Уште поголем проблем од бламажата со чизмите е што војската ни е буквално во искината униформа. Војниците имаат само по еден пар униформа која е дотраена и амортизирана. И тоа не е некоја тајна бидејќи на сите јавни појавувања секој кој подобро ги анализира војниците може да ги забележи крпениците. Ние новинарите имаме можност да го видиме тоа и со голо око кога сме присутни на било кој настан. Министерката Шеќеринска во својот говор на денот на преземањето на должноста министер за одбрана вети дека овој проблем ќе се надмине, но до ден денес тоа не е случај. Војниците со кои разговараме ја покануваат да ги посети касарните, да ги види условите во кои работат и конечно да оствари некое од своите ветувања. Но, не само со изјава, туку и со дело. Во спротивно ќе се потврдат сомневањата меѓу вработените во Министерството за одбрана и во Армијата, дека со правење на маркетинг преку одбраната, Шеќеринска сака да ја скрие својата вмешаност во аферата „Рекет“, пишува НетПрес.

МВР и АРМ останаа без септемвриската плата

Македонските полицајци и војници минатиот месец не ги земаа своите плати во редовниот термин.

Праксата инаку покажува дека македонската полиција и армија секој први во месецот на своите трансакциски сметки им легнува месечната плата, но тоа на почетокот на октомври не се случи.

И тоа се случи, Шекеринска направи настан за промоција на гуми

Министерката Радмила Шекеринска пред точно една година беше во посета на касарната во Ѓорче Петров, каде промовираше настан за пристигнување на најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за 2018 година, информираат од прес службата на МО на официјалниот ФБ профил на ова министерство.

-Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена! Ова го пишуваше во објавата за овој ,,настан“ минатиот ноември.

До овој момент како што сме сведоци условите во АРМ се полоши од било кога.

Независниот синдикат на професионални војници лани бараа подобри услови за работа

Додека Раководството на Армијата славеше, минатата година Независниот синдикат на професионалните војници го искористи Денот на АРМ 18-ти август, да потсети на актуелните проблеми со кои се соочува Армијата. Од Синдикатот лани обвинуваа дека не се задоволни од надлежните институции кои треба да ги решаваат. Честитајќи им го денот на своите колеги, велеа се должни да ги постават вистинските прашања на вистинските места.

Со цел подобрување на условите на работа, тие се обратиле со циркуларни писма до врховниот командант на оружените сили, до началникот на Генералштабот на АРМ, до Владата, Миниситерството за одбрана, а соработката со нив ја оценуваат како разочарувачка. Велат дека се занемаруваат нивните барања за средби, на кои би се разговарало за проблемите со кои се соочуваат, како што е укинувањето на автобуските линии.

Според војниците, проблем претставува и тоа што вработените немаат желба да останат во работен однос во Армијата. Тоа важи и за оние кои ќе наполнат 45 години и кои законски треба бидат прераспределени на работно место во касарните.

Од Независниот синдикат на професионалните војници обвинија и за недоволна соработка со останатите синдикати во Армијата. Упатија апел до нивните колеги да ги остават суетите на страна и заедно да работат на решавање на проблемите со кои се соочуват.

Операција „метла” да ја опфати и минстерката за одбрана Радмила Шеќеринска – ова во мај годинава го бараа од Синдикатот на одбраната и од Независниот синдикат на професионални војници.

Ниски плати, касарни без вода за пиење, стара опрема, очајни услови за работа – ова се најчестите причини зошто припадниците на АРМ ја напуштаат работатата, тврдат од Синдикатот за одбрана и безбедност. Прстот го вперија кон министерката Шеќеринска дека не се грижи за професионалниот кадар и побараа оставка од неа. Велат дека поради неиспорачани резултати во министерството со кое раководи, треба да биде опфатена со “метлата” на премиерот.

Прозивките од синдикатот се мотивирани од лични интереси – реагираат од министерството за одбрана.

,,Минатата година се покачија платите на војниците за 10%, годинава ќе бидат покачени за дополнителни 5%, војниците се снабдени со чизми што е основна потреба која дотогаш била занемарувана.  Во 2018 се склучени рамковни спогодби и договори за реконструкции на објектите на Министерството и АРМ и постојано се вршат реконструкции и поправки во касарните.

Во меѓувреме речиси половина од земјите-членки на НАТО го ратификуваа протоколот за приклучување на земјава во Алијансата. Според прописите оттаму, кога ќе го добиеме статусот на полноправна членка, ќе се издвојуваат два отсто од БДП за одбраната.

Од синдикатот се надеваат на подобри денови токму со влезот во НАТО, со надеж дека ќе се обезбедат достоинствени услови и повисоки плати.

Иванов: СДСМ уште еднаш го потврди несериозното носење на закони, со Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ по скратена постапка

СДСМ уште еднаш го потврди несериозното носење на закони, со Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ по скратена постапка. Самата скратена постапка на носење на Законот е дискутабилна затоа што се работи за закон кој е суштински и кој е од големо значење за целната група која што ја третира, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто овој закон се носи пред да биде усвоен Законот за одбрана кој е во собраниска процедура и кој што е системски закон ? Имено, носењето на ваков суштински закон по скратена постапка е чиста манипулација со јавноста и предизборен маркетинг. Во недостаток на свои проекти и решенија поврзани со прашањата на стандардот на воените лица, очајни од сознанието дека ништо не направиле за војската, а се ближат избори, СДСМ се принудени да се фалат со туѓи проекти и решенијата на проблемите да ги присвојуваат како свои. Во Предлог-Законот за служба во Армијата на Република Македонија, што СДСМ сака набрзина да го помине, нешто што е исклучително важно е зошто во фискалниот образец стои бројка 0, односно зашто не се предвидени средства во буџетот на Министерството за одбрана за намените кои се спомнати во законот?, прашува Иванов.

Тој исто така прашува на чиј терет ќе паднат на пример трошоците за здравствено осигурување и лекување?

-На чиј терет ќе паднат закупнините? Од каде ќе бидат обезбедени тие средства? Како е можно да немаат предвидено средства или донесувањето за овој закон е само предизборен маркетинг ? Впрочем, она што остава впечаток е потребата за обезбедување на еднакви можности за администрацијата со оние на припадниците на Армијата, бидејќи на крајот безбедносниот кадар е неделив. И едните и другите се подеднакво заслужни за се што е направено за патот до НАТО и затоа треба да ги уживаат истите бенефиции. Оттаму спрoведување на реформи на армиската без цивилната компонента би било несоодветно и на долги патеки демотивирачки. Тоа што цилвилниот дел е преобемен не се појавува како проблем од сега иако и во такви услови постои појава на секојдневни вработувања и унапредувања во безбедносниот сектор. Бараме итно да се повлече Предло-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ и во најкусо време да се формираат работни групи кои ќе изготват законско решение кое ќе биде поволно за оваа група која се третира односно АВП и цивилниот персонал, вели Иванов.