За малку не дојде до сцениран инцидент вечерва, откако Јанко Бачев со пцовки и навреди му се нафрли на пратеникот Сашо Василевски на протестот пред неговиот дом во Охрид.
Како не ти е срам бе, шпион еден. Народен пратеник. Со колку те купија, шпион еден? Како не ти е срам? Копиле едно, ја предадовте државата. Знаете што ве чека? Истополови бракови, хомосексуализам, посвојување на деца од истополови бракови. Вршиш злосторство. Како не ти е срам? Да ви е*бам педерите да ви е*бам“, му рече Бачев на Василески.
„И тие се луѓе. Не навредувајте. Мавтај си го знамето“, му врати Василески на Бачев, а по ова, Бачев му врати „мафтај го ти шиптарското, мафтај таму со педерите, да ви е*ам либералните вредности“.
Бачев кој беше предводник на протестите и му достави писмо на пратеникот Василески му рече дека амандманите, односно четирите услови кои независната пратеничка група ги достави, биле пишувани во СДСМ.