Актуелно 16.01.2020 20:40

(ВИДЕО) Трипуновски: Николовски и Димковски се фатени во криминал до гуша

(ВИДЕО) Трипуновски: Николовски и Димковски се фатени во криминал до гуша

Три години посочуваме на криминал и злоупотреба при распределба на државно земјоделско земјиште во Република Македонија.Случајот кој што денеска сакам да го обелоденам покажува како едно исто земјоделско земјиште го даваат под концесија на две различни лица. Ова е Фиком 2, само во земјоделска варијанта, каде овој пат во главна улога се лица функционери на СДСМ, изјави денеска дополнителниот заменик министер за земјотелство Цветан Трипуновски.

Имено, на ден 26.12.2018 година Љупчо Николовски како тогашен министер за земјоделство шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на државно земјоделско земјиштес во КО Нова Брезница, Кисела Вода со лицето Г.Ѓ. со времетраење од 70 години. На ден 17.07.2019 година, овој пат Трајан Димковски во улогата на министер за земјоделство шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на истото зземјоделско емјиште кое веќе се наоѓа под закуп, овој пат на лицето В.Т. Додека тие си делат земјишта и прават криминал обичниот земјоделец едвај преживува. Јас сум тука да ги обелоденам и спречам овие злоупотреби и криминали за никогаш да не се повторат во Република Македонија, порача Трипуновски.