Економија 21.09.2018 12:43

ВИП ја отвори новата управна зграда

ВИП ја отвори новата управна зграда

Телекомуникациската компанија Вип ги отвори вратите од новата управна зграда лоцирана на плоштадот „Пресвета Богородица“. Зградата е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност. Вработените на располагање имаат 40 поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, простории за видео и телеконференции, „фокус соби“, кујни, соба за релаксација, како и кантина.

„Новите простории во целост ја поддржуваат нашата корпоративна култура и постулатите врз кои таа се заснова – тим, агилност и доверба, кои во комбинација со напредните дигитални решенија гарантираат ултрамодерни услови за работа за сите постојни, но и идни вработени. Новите деловни простории се еден убав почеток и стимул за пресретнување на сите предизвици кои во иднина, заедно со нашите вработени, ќе ги совладуваме“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.