Актуелно 11.12.2018 17:26

Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13.7 %

Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13.7 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2017/2018 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13.7 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 2.2 % во однос на периодот 2016/2017 година.

Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 210.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 16.2 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 27.9 %.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 45.5 %, а вкупниот број на посетителите е намален за 51.2 %.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2017/2018 година, во споредба со 2016/2017 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.