На власта предводена од СДСМ и Зоран Заев народски кажано никако да им дојде памет.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој кој неодамна го тресеа безброј скандали за доделувањето на тендерите на Фејсбук се пофали како сече торта за 15 илјади лајкови на Фејсбук.
-Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15 илјади лајкови на страната на Фондот за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество, напиша Деспотовски.
По ова свој коментар имаше и Ивор Мицкоски кој на својот Фејсбук напиша:
-Додај и 770.000 евра кои ќе завршат во рацете на четири фирмите блиски до функционери, и може да се каже дека годинава е многу успешна за Фондот.
Инаку и Тивитер заедницата веднаш започна со мајтапење на сметка на Фондот и директорот.
