Економија 09.05.2019 15:17

Владата ќе се задолжува за да го гради новиот Клинички центар

Владата ќе се задолжува за да го гради новиот Клинички центар

Владата издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на новиот Клинички центар. Планот е да се земе заем од финансиски институции, билатерални кредитори или странски комерцијални банки.

Со Информацијата за постапката за изградбата на новиот клинички центар што била усвоена на вчерашната 134. седница на Владата, направена врз основа на студијата за изводливост и врз основа на податоците добиени од клиниките, се предлага интегриран објект до пет ката, со околу 102.000 квадратни метри површина.