Владата потврди дека премиерот Зоран Заев викендов се сретнал со Алесандар Сорос поради консултации за новата регионална инцијатива за Западен Балкан. Од Владата велат дека повеќе меѓународни организации даваат придонес и експертиза за иницијативата која има за цел да го подобрува животот на граѓаните, пренесува „А1он“.
„Во тој контекст, за време на работните средби во Охрид и Нови Сад, повеќе консултации се одржаа со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик – претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование“, изјавиле од Владата за „А1он“.