Градоначалничката на Тетово Теута Арифи треба да и објасни на јавноста и на министерот за образование Арбер Адеми како ја вработила сестра си и како успеа да и даде позиција на заменик директор во основното училиште „Истикбал“, праша на прес конференција Алијансата за Албанците.
– Дали министерот е свесен за тоа? Или и за ова министерот Арбер Адеми нема да преземе ниту една акција, како што не презеде било каква акција кога рофесорката Арјета Велиу беше малтретирана и избркана од нејзиното работно место без ниту една правна основа од страна на одборот на директори на тоа училиште. Законите важат само за опозицијата, а не за тие на власт – велат од Алијансата.
Партијата го повика на одговорност министерот за ветувањето на ДУИ од пред 10 години дека ќе изградиосновното училиште во Мала Речица, за непотизмот во неговата партија, како и за тоа што децата Албанци во Велес учат на македонски јазик.
Алијансата остави фотографија на Адеми на местото каде требало да се изгради
училиштето, за да го потсетат дека тој е надлежен и има компетенции.
Алијансата за Албанците побара оставка од Адеми,бидејќи како што велат тој е марионета кој со своите одлуки им носи штета на Албанците и на учениците од целата држава.