Актуелно 19.06.2018 11:43

Власта го крши собранискиот деловник за да го протурка договорот со Грција без дебата

Власта го крши собранискиот деловник за да го протурка договорот со Грција без дебата

Наместо во Комисијата за надворешна политика каде претседател е Антонијо Милошоски спогодбата со Грција ќе се расправа во комисијата за Евроинтеграции.

Уште еднаш е злоупотребен Деловникот каде исклучиво стои дека меѓународни и билатерални договори се ратификуваат поминуваат низ комисијата за надворешна политика.

Вчера Милошоски изјави дека нема друга земја во Европа која меѓународните билатерални договори ги разгледува на комисија за евроинтеграции.

Според Милошоски, на овој начин владата, во недостаток на аргументи за постигнатиот договор со Грција, ја злоупотребува, како што вели, својата позиција за да ја протурка ратификацијата во парламентот со што помалку расправа.

-Со тоа се изигрува процедурата за ратификација на договорот и се прескокнува матичното собраниско тело,  слично како што беше направено со Законот за употреба на јазиците. Такви  преседани не се случуваат во други парламенти. Доколку договорот одеше преку матичната комисија, расправата таму можеби ќе траеше два или, пак,  дванаесет дена…, ама барем ќе се слушнеа сите аргументи. На овој начин, пак, се оневозможува поиздржана расправа за договорот, изјави Милошоски за „Независен весник“.