Актуелно 12.12.2018 17:28

Власта одби амандман на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 800 милиони денари за изградба на социјални станови

Власта одби амандман на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 800 милиони денари за изградба на социјални станови

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџетот предложи амандман со кој се бара да се обезбедат средства во вредност од осумстотини милиони денари за изградба на социјални станови за социјално загрозени семејства во Република Македонија, но, од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски овој амандман не се прифати.

Пратеникот Мицевски истакна дека ова е еден проект кој што го започна претходната влада и бенефит имаа голем број на граѓани. Имено тој рече дека со ова досегашните искуства се позитивни, затоа што се решаваат животни прашања на социјално загрозени семејства во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има направено таква зграда во Штип каде подели 99 станови на социјално загрозени семејства, и се надевам дека ќе го зголемите овој проект – додаде Мицевски.

Тој порача дека треба да се обезбедуваат средства за социјално ранливите категории за станови кои што ќе решат животно прашање на луѓето, а не да се даваaт пари во Фондот за иновации кои ќе завршуват на разни сомнителни начини, па потоа откога ќе се откријат луѓето да се откажуваат од средствата кои ги добиле од Фондот за иновации.