Актуелно 30.05.2018 13:21

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт предводен од Заев ги носи граѓаните кон сиромаштија и беда

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт предводен од Заев ги носи граѓаните кон сиромаштија и беда

Република Македонија тоне и економски и на политички. Картелот на власт предводен од Зоран Заев ги носи граѓаните кон сиромаштија и беда, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека цената на дизелот од јули минатата година до денес се зголеми за над 40 проценти, односно од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега во 2018 плаќаат го 65 денари.

-Една година владеење на СДСМ, значи една година удирање по најсиромашните. Една година на Зоран Заев, значи една година неработење, хаос и безредие. Заев и СДСМ не работат за доброто на граѓаните. СДСМ и Заев не знаат и не умеат да направат ништо добро за граѓаните и за нивниот животен стандард. СДСМ ја покачи акцизата за 3,5 денари. Ова претставува директен трошок од над 40 милиони евра за гаѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна и спиралата на раст на цените, со што трошокот на граѓаните е ноколкукратно поголем. Граѓаните се соочуваат со вистинско ценовно цунами. Загрижувачки се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни минатата година се купувале 487 литри дизел, додека сега со покачување на акцизата од страна на СДСМ можат да се купат 364 литра дизел, што е за 123 литри помалку. Граѓаните осиромашиваат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека граѓаните го плаќаат арачот на криминалниот картел на власт и Зоран Заев.

-Додека граѓаните го полнат буџетот на Република Македонија со зголемените давачки кои ги наметна картелот, Заев и групата околу него го празнат буџетот за свои сопствени потреби и луксузирања. Со еден збор економијата доживува целосен крах. Граѓаните секојдневно стануваат се посиромашни. Наместо живот, Заев им донесе преживување. Оваа  ненародна власт мора да си замине. Нема да дозволиме државата да продолжи кон бездната. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија, кои не се сложуваат со економската катастрофа која и се случува на државата на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија да излезат и да кажат НЕ за економскиот колапс, за распродажбата на националните интереси, за заробената држава и партизираното судство.. Да излезат и да кажат доста е на овој криминален картел на власт, затоа што ти заслужуваш подобро. Република Македонија заслужуваш подобро, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.