Актуелно 14.11.2018 14:15

ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров бара финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001-ва година

ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров бара финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001-ва година

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ при Ѓорче Петров преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска поднесе барање за надополнување на дневниот ред на наредната седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров.

-Бараме од Буџетот на општината наместо ненаменски да се трошат средства да се определи ставка за финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001 година кои живеат на територијата на Ѓорче Петров. Имено, бараме на дневниот ред да се стави точка: финансиско олеснување на обврските на кои подлежат бранителите – учесници и нивните семејства кои што учествуваа во конфликтот во 2001 година во Република Македонија, истакна Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој објасни дека бараат финансиско олеснување за: ужинка и екскурзии во училиштата, стипендии за младите, поддршка при изработка на елаборат за легализација, ослободување од комуналии за градба, ослободување за надоместок за градинка, ослободување од ѓубретарина во руралниот ден на општината.

-Согласно процедурите сакам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го сработи Предлогот и сите овие барања дополнително ќе бидат вметнати во амандманската расправа за формирање на Буџетот на општината за 2019 година, истакна Стојановски.