Актуелно 19.03.2019 14:42

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот и тоа од оној – Живот за сите кој го ветуваше СДСМ во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот и тоа од оној – Живот за сите кој го ветуваше СДСМ во Охрид

Не можеме, а да не потсетиме дека откако со СДСМ „дојде животот“ во Охрид и Република Македонија, не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот, и тоа од оној – Живот за сите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Лидија Петкоска советник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој момент сакаме да ги запрашаме министерот Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, дали пред да застанат да се сликаат во ЈЗУ „Општата болница“, поразговараа барем со еден пациент кој чека низ ходниците, за да ја слушнат вистината за состојбите во здравството?  Дали министерот Филипче беше информиран од директорот на Болницата за фактот дека во истата веќе три месеци нема ленти за мерење на дијабетес?  Како министре Филипче и градоначалнику Георгиески дијабетичарите да ја следат својата здравствена состојба, кога не им го давате нити она што им следува-во случајов ленти за контрола на шеќерот во крвта? Должен ли е пациентот од свој џеб да издвои дополнителни 1000 денари за сам, приватно да си ги набави овие ленти?
Ваков ли живот ветувавте? За вакво ли здравство ја добивте довербата од граѓаните?, прашува Петкоска.

Таа додава дека колку и да се сликате и да се смешкате пред камери, нема да ја прикриете реалноста која е низ болничките ходници. Ако не сте способни правилно да ги менаџирате институциите, повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа.

-Крајно време е да почнете да сочувствувате со граѓаните и да ја преземете одговорноста за тоа дека заради недомаќинското работење доведувате во прашање бројни човечки животи. Токму затоа, народот ќе Ви ја испорача сметката на 21 април, кога јасно и недвосмислено ќе Ви каже дека доста му е и од правдата и од мирот и од животот што го донесовте, вели Петкоска.