Најновата анкета на Рејтинг.мк покажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред владејачката СДСМ.
Анкетата е спроведена преку интернет на 110.885 граѓани.
На прашањето поставено „За која партија би гласале а следните парламентарни избори“, најголем број од испитаниците одговориле дека голема поддршка и даваат на ВМРО-ДПМНЕ или 26.77 во проценти, додека пак за СДСМ одговориле само 22.78 проценти од граѓаните. Веднаш по нив е Левица со 12.68, ДУИ со 10.58, БЕСА 9.18 проценти, додека пак веднаш по неа е Алијанса на Албанците со 9.09 проценти.