ВМРО ја запали машината. И ВМРО ќе ја донесе победата. Тоа е локомотивата која на брзите шини ќе ги донесе промените, рече Мицкоски во своето обраќање во Прилеп.
-Ќе покажеме како одговорно се владее, и како се дава шанса на успехот. Кога сите не отпишаа, ние покажавме пркост, Кога не птоценуваа, ние работевме. Сега се исправаме и тргаме во последниот поход, каде целта е Македонија и ќе победиме. ВМРО е народот, а народот е Македонија, истакна Мицкоски.
Заедно со сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати, заедно со Коалицијата за обнова на Македонија тргаме кон победа, заедничката пбеда и триумф на народот, порача Мицкоски од Прилеп.
-Јас, Христијан Мицкоски не влегов во политиката за корист, туку за кауза и идеал. Мојата цел е успехот, а каузата она што сите нас силно не врзува- Македонија. Вие сте нашата сила, а силата ја прават сплотените луѓе. Ние денес се сплотуваме за нашата земја, за нашата иднина, за нашиот заеднички успех, потенцираше Мицкоски.
Тој додаде дека ќе победиме заедно, со срце кои чукаат како едно. Да покажеме дека можеме и дека ќе успееме, а Македонија секогаш ја крепеле храбрите и одлучните. Кажете по улиците и маалата дека Обновата доаѓа, дека часот чукна и народот не може да се прешкрта. На 12 април доаѓа одговорот на народот.