„Енергетскиот пазар се менува многу брзо и во 2030-та година ништо нема да биде исто, како што го знаеме денес“, коментира министерот за енергија на Грција, Јоргос Статакис за време на конференцијата, одржана на островот Наксос.
Статакис е категоричен дека земјата има само една деценија, за да се подготват за новите услови со визија и план за развој, додава „Ana Mpa“. Една од насоките за развој е навлегувањето на обновливите извори што за енергетскиот министер на нашиот јужен сосед е без алтернатива.
Плановите на грчката влада се развојот на обновливите извори на островите, претворајќи ги во одржливи системи за производство на енергија. Овој план за „енергетски“ или „паметни“ острови содржи во себе и политика за развој на транспортот, индустријата, градежништвото и туризмот.
Голем дел од грчките острови реално не се дел од енергетската мрежа на земјата и се самостојни системи. Потребната енергија се произведува од централи, често користат нафта, која е голем загадувач.
Во годините на кризата развојот на иновациите и доаѓањето на новите технологии, вклучувајќи и во енергетскиот систем, беа одложени. Сега сепак владата разви процедури за развојот на обновливите извори на енергија, а еден од аспектите е рамката за планирање за користење на земјиштето за развојот на овој сектор.
Значи, островите можат да станат одржливи системи за обновлива енергија, веруваат во Атина.