Живот 07.06.2018 11:33

Во естонските банки годишно се перат повеќе од 11 милијарди евра

Во естонските банки годишно се перат повеќе од 11 милијарди евра

Естонската полиција денеска соопшти дека над 11 милијарди евра биле испрани во банките во оваа балтичката земја меѓу 2012 и 2016 година, објави Ројтерс. За споредба, минатата година бруто-домашниот производ на Естонија изнесуваше околу 17,9 милијарди евра.
Земјата-членка на Европската Унија ја тресат шокантните откритија за перење пари од Русија, Молдавија и Азербејџан преку нерезидентни транскакциски сметки, кои властите на Естонија и Летонија беа приморани да ги затворат.

Финанскиската полиција во Естонија изјави дека покрај 4 милијарди евра испрани во банките кои беа откриени преку национална финансиска агенција за истрага, дополнителни 7,3 милијарди евра биле исплатени во естонските банки преку продажба на акции од Русија.

Според извештајот на полицијата, Руските власти се обиделе да ги сопрат овие трансакции надвор од земјата, кои подоцна биле префрлени на сметки нерезиденти во банките во Естонија како подоцна би биле ликвидирани преку финансискиот систем на Естонија.

Данската финанскиска полиција, пак, изјави дека овој месец пронашла „сериозни пропусти“ во работата на Данске Банк, откако спровеле истрага врз менаџментот и вработените во филијалите на Данске Банк во Естонија.
Само пред еден ден Латвија предупреди дека се очекуваат трансфери на пари со сомнително или незаконско потекло поврзани со Русија, кон други земји во Европската унија оваа година. Во моментов, балтичките држави прават кампања за справување со одливи на руски пари од земјата преку нивните банкарски системи.