Живот 17.01.2019 10:45

Водена диета: Изгубете половина килограм дневно

Водена диета: Изгубете половина килограм дневно

Со помош на водена диета може да загубите и по половина килограм дневно. Сепак таа смее да се спроведува секој втор ден и тоа не на долги патеки, туку само повремено. Ве советуваме ваквиот режим на исхрана да го применувате еднаш неделно.

Појадок

Голема чаша вода или чај или пак природен сок. Овошје и сокови можете да јадете и да пиете колку сакате.

Попладне

Голема чаша вода или чај или пак природен сок. Неколку овошја, по можност комбинирајте различни видови. Во зависност од периодот од годината, најмногу вода содржат: есен/зима- грозје и цитруси – пролет/лето: диња и лубеница.

Ручек

Голема чаша вода пред или по јадењето. Менито се состои од сиров зеленчук за салата во количина по желба, со додаток на оцет, масло, лимон и зачини по желба. Во салатата може да додадете и маслинки. Смеете да јадете било каков вид сиров и конзервиран зеленчук: шпаргли, целер, артичоки, зелена салата, моркови, пиперки, краставици, кромид, пченка, соја, домати…

Ужина

Голема чаша вода или чај или пак природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење или едно парче овошје.

Вечера

Испијте чаша вода пред и филџан чај по јадењето, 100 грама месо (пилешко, телешко) или 150 грама риба (ослиќ) или едно јајце со зеленчук и овошје.

Внимавајте: Диетата не смеете да ја спроведувате во текот на цела недела, затоа што ќе предизвика дисбаланс на материите во организмот. Смее да се применува најчесто секој втор ден и тоа не долготрајно туку само повремено.

Важно: Пијте барем осум чаши вода дневно, а исхраната треба да биде богата со продукти што содржат многу вода како што се овошјето и зеленчукот.

И на крај мора да имате на ум дека ниту една диета не е апсолутно добра за вашето здравје. Затоа пред да преминете на нов режим на исхрана, побарајте совет од лекар.