Актуелно 21.07.2019 15:23

За скопјани никако да дојде „животот“- градските власти заборавија да се фатат за работа три години откако се на власт (ФОТО)

За скопјани никако да дојде „животот“- градските власти заборавија да се фатат за работа три години откако се на власт (ФОТО)

Жителите на Скопје три години откако СДСМ е на власт чека да дојде живот во главниот град кој го ветуваше партијата пред локалните избори.

Градските власти според безбројните коментари на социјалните мрежи само уништува, наместо да реконструира, гради или обновува улици, тротоари, јавни површини и паркови.

Се почести со фотографиите на социјалните мрежи од неисчистени контејнери во центарот на градот, додека градските власти лажно им ветуваа „живот“ на скопјани кои се гушат во смрдеа и отрови.

Дупките и отворените шахти кои се опасни по безбедноста на возачите на автомобили, велосипеди, електрични тротинети и пешаците во центарот на Скопје, очигледно се симбол на градот поради тоа што градските власти не мрднуваат со прст за да ги реконструираат.

До редакцијата на КУРИР пристигнаа и фотографии од небезбедносни канделабри кои во секој момент може да паднат и да повредат пешаци или туристи во строгиот центар на градот.

Градските власти иако граѓаните со месеци апелираат преку социјалните мрежи тие да преземат нешто со градот, останаа глуви и слепи трета година по ред.