Денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, со слаб до умерен ветер, претежно со западен правец.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната дневна од 24 до 32 степени Целзиусови. Во Скопје и околината слично време со утринска температура 11 степени и максимална дневна до 30 степени Целзиусови.
До среда во земјава ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури.
Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи.
Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.