Актуелно 08.02.2019 15:28

Заев: 12 плати нема да чинат многу за државниот буџет

Заев: 12 плати нема да чинат многу за државниот буџет

Зоран Заев денеска запрашан за вработување на 12 заменици директори во јавните претпријатија, рече дека тоа е навистина потребно за добро поефикасно функционирање на институциите на земјата и дека 12 плати нема да чинат многу за државниот буџет, пренесува Алсат.

Ивана Туфегџиќ, Павле Богоевски, Ирена Стефоска и Лилјана Поповска се четворицата пратеници од владеачкото парламентарно мнозинство кое со гласање против не го поддржаа донесувањето на измените на Законот за јавни претпријатија со кој се воведуваат заменици-директори во голем дел од нив каде што досега немало таква функција..

Предлогот беше поднесен од Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани и се донесе по скратена постапка.со 50 гласови ЗА, осум Против и еден воздржан.